„Хамилтон сам ни се нудеше, но го одбивме поради Ферстапен!“

t

Првиот човек во формула 1-тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, помалку ја изненади јавноста со информацијата дека возачот со најмногу победи во историјата, Луис Хамилтон, самиот се нудел да потпише за ова екипа за да може повторно да се бори за шампионска титула.

Тој откри дека преговорите се воделе во текот на оваа година, а откако му станало јасно дека нема да се пресели во Ред Бул, британскиот возач седнал на маса со Мерцедес и потпишал нов договор.

„Имавме неколку разговори со Хамилтон низ годините, за тој да дојде и во Ред Бул. Последен пат луѓето од неговиот тим ни пристапија на нас, беше почеток на годината и сакаа да знаат какви се шансите Луис да дојде и да вози за нашиот тим. Одговорот беше негативен, по што тој веднаш се договори со Мерцедес“, изјави Хорнер.

Причина за негативниот одговор биле сомнежите околу функционирањето на Ферстапен и Хамилтон во ист тим.

„Размислував кратко, но не можев да замислам како Макс и Луис би работеле заедно. Би можеле да си создадеме непотребно многу проблеми, вистината е дека ние сме пресреќни со она што го имаме како возачи во моментов“, дополни Хорнер.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евростат: 16,3 отсто од полнолетните Европејци се…

Во 2025 година, 16,3 отсто од лицата…

Жена од Гостивар пријавила дека вонбрачниот сопруг…

Случај на семејно насилство е пријавен во…

Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…

Ѓорѓиевски: Започна ослободувањето на трасата за ставање…

Она што со години стоеше заглавено, денес…

Аксиос: Администрацијата на Трамп работи на повоена…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп работи…