Се утепале од ќотек поради расправија во сообраќај – детали
Двајца жители на селото Батинци се приведени вчера затоа што се истепале со човек од Морани кој се здобил со тешки телесни повреди. Хаосот настанал поради сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Настрадала и жената која била сопатничка на тешко повредениот, а се обидувала да ги раздели тепачите.
– На 12.08.2023 во 16.20 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Б.(42) и Е.Б.(39), двајцата од с.Батинци, скопско, поради тоа што околу 13.40 часот на бул.„Борис Трајковски“, по претходна расправија околу сообраќајот, учествувале во физичка пресметка со О.З.(26) од с.Морани, кој бил заедно со 52-годишната Б.З.. Во пресметката О.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.З. била физички нападната, во обид да ги раздели. По целосно расчистување на случајот ќе следува поднесок, се вели во известувањето од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…
ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…
Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…
Позната компанија во стечај направила штета од…
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…