Хаос во Вестминстер: Уапсен маж кој го допрел ковчегот на кралицата

t

Маж бил уапсен откако се приближил до ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, кој е изложен во Вестминстерската сала, јавува Би-Би-Си.

Инцидентот во најстарата зграда на парламентот се случил синоќа околу 23:00 часот

– Околу 23:00 часот, парламентарната полиција и службениците за дипломатска заштита приведоа маж во Вестминстерската сала поради малтретирање – соопшти Скотланд Јард.

Како што пренесува Гардијан, мажот набрзина се качил по скалите и го допрел ковчегот пред шокираните луѓе кои чекале да и оддадат почит на кралицата. Полицијата на крајот го привела поради, како што соопштија од Скотланд Јард, кршење на законот за јавен ред и мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од каде православни икони во Вестминстерската…

Погребот на британската кралица Елизабета Втора и…

Хаос во Вестминстер: Уапсен маж кој го…

Маж бил уапсен откако се приближил до…