Хаос во мигрантскиот камп Табановце во Македонија: Мигранти од Авганистан и Египет шетале голи го демолирале објектот и извршиле кражби!

t

Инфомакс екслузивно дознава дека поголема група на мигранти го демолирале кампот за мигранти во Македонија на граничниот премин Табановце.

20-тина мигранти предизвикале сериозен инциденти и нанеле сериозни штети по објекти и инфраструктура во кампот, контејнери, кујната за храна и објекти на Црвен крст.

Инфомакс од високи извори дознава детали за тоа што се случувало вo кампот.

-Обиена е кујната во кампот и украдена храната, исечен со нож е шаторот-кујна, обиен е објектот на црвен крст кај што е сместен персоналот, украдени мобилни телефони и други работи, се соблекуваат голи машките и шетаат голи во дворот на кампот, а помеѓу персоналот има и жени, вели изворот за Инфомакс.

Изворот потенцира дека известени се сите меѓународни институции за случувањата во кампот.

-Во информацијата која ЦУК ја доставува секоја среда по електронска пошта до сите институции кои учествуваат во системот за одговор на Мигранската криза е доставен целосен приказ за штетите кои ги имаат направено и за неморалното однесување на мигранти од Египет и Авганистан кои дел од нив со регистрација преку МВР-Гранична полиција се сместени а дел од нив сместени илегално со кршење на врати во самите објекти за сместување за мигранти, вели изворот.

Интересно е што само ден порано премиерот изјави дека само еден мигрант ако пронајде опозицијата во Македонија тој трајно ќе ја напушти политиката.

„Еве ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да одат и да бараат мигранти на територијата на цела држава кој што е дел од некаков си договор со Велика Британија, и ако најдат еден, јас трајно ќе ја напуштам политика. Во спротивно, очекувам тројцата да се извинат. Јас сум подготвен и ова да важи за цел мој мандат, но ете тие дадоа некаков рок до пролет, па јас им велам до пролет ако најдат еден мигрант кој што е дел од договорсо Велика Британија, јас нема повеќе да се занимавам со политика. Во спротивно, очекувам да излезат пред македонската јавност и да се извинат. Мислам дека е фер политика“, рече Мицкоски.

Изворот потенцира дека е алармирана полицијата за случувањата во кампот и потенцира дека Црвениот крст денес нема да ги пружа своите услови кон мигрантите со цел да се заштити животот и безбедноста на волонтерите.

-Во насока на заштита на своите вработени Црвен крст од денес се повлече од ТПЦ Табановце и денес нема да се служи храна и пружаат други услуги кон мигрантите. Алармирана е граничната полицијаи побарана е координација на сите институции во насока на носење на соодветни одлуки и заклучоци во однос на понатамошното однесување на сите институции вклучени во системот за одговор, во насока на надминување на проблемот во камповите, вели изворот.

Инфомакс дознаве дека за утре 12.12.2025 година со почеток во 10.30 часот ќе се одржи Седница на Главен штаб во однос на проблемот со мигранти сместени во кампот Табановце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на Мицкоски доцни со социјалната помош,…

На адресите на примателите на социјална помош,…

(Фото) Продолжуваат повиците за линч на екипата…

Ако имаше било каква дилема кој е…

Драматичен момент во Брисел: Урсула го прекина…

На официјалниот влез на Европската комисија во…

Русија ќе ги смета за легитимни цели…

Русија ќе ги смета сите странски контингенти…

Судиите и административците се уште не ја…

Четири судови веќе најавиле прекин на работата,…