Објавено на:

Хаос во Швајцарија: Стотици демонстранти се судрија со полицијата

t

Стотици млади луѓе излегоа на улиците на Лозана синоќа по смртта на 17-годишен тинејџер за време на полициска потера, предизвикувајќи хаос и сериозни штети.

Немирите започнаа околу 21:30 часот во областа Прелаз, кога демонстрантите почнале да фрлаат пиротехнички средства кон полицијата, да палат контејнери и дури да запалат градски автобус. До полноќ градот беше во состојба на опсада, а противпожарните екипи интервенираа на повеќе локации.

Според полицијата, тинејџерот починал наутро во недела откако, бегајќи од полицијата со украден скутер, удрил во ѕид. Првичните наоди покажуваат дека тој изгубил контрола врз возилото по инцидент со полицаец.

Случајот е под истрага, а причините за масовното собирање на млади луѓе се поврзуваат со протест против смртта на тинејџерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија разгледува такса за странски работници

Швајцарскиот Совет на кантоните, горниот дом на…

Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални

Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…

Силно невреме ја погоди Швајцарија, град со…

Силно невреме проследено со град погоди делови…

Швајцарците ја отфрлија иницијативата за ограничување на…

На денешниот референдум, граѓаните на Швајцарија најверојатно…

Швајцарија сака да го ограничи бројот на…

Во Швајцарија се дискутира за горната граница…