Харис предупреди: Северна Кореја ќе направи голема грешка ако ѝ помогне на Русија
Американската потпретседателка, Камала Харис изјави денеска дека би било „огромна грешка“ доколку Северна Кореја ѝ даде воена поддршка на Русија за војната против Украина. Во интервју за CBS News на маргините на самитот на АСЕАН во Џакарта, Харис нагласи дека барањето помош од Пјонгјанг ќе биде знак за очајот на Русија и дека дополнително ќе ги изолира двете земји.
„Многу е јасно дека Русија е многу очајна. Тие веќе доживеаја стратешки неуспех. Размислете само – на почетокот на војната, пред година и пол, експертите велеа дека се ќе биде готово за неколку дена. Па, Украинците се уште се борат“, рече Харис, пренесе Ројтерс. На почетокот на оваа недела, светските медиуми објавија изјави на неименувани американски претставници дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија овој месец и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу другото, за можноста Пјонгјанг да и обезбеди оружје на Москва за војната во Украина. .
Ниту Москва, ниту Пјонгјанг не ја потврдија или негираа оваа информација. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во вторникот го предупреди севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека неговата земја ќе плати цена доколку и испорача на Русија оружје за војната во Украина, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…