Загинаа дански пилот и грчки офицер за врска во страотниот судир на хеликоптери во Грција
Двајца преживеани и двајца загинати е билансот од хеликоптерската несреќа што денеска се случи во западниот дел на Атика во Грција. Грчките медиуми јавуваат дека двајца од екипажите биле пронајдени живи и се пренесени во болница, а двајца биле без знаци на живот.
Според грчките медиуми, екипажите биле составени од двајца грчки и двајца странски државјани.
Хеликоптерите полетале од воената воздухопловна база Елефсина, во близина на Атина. Според последните информации, двајца се здобиле со полесни повредии и биле префрлени во 251-та Општа воздухопловна болница. Преживеаните се британски пилот и грчки офицер за врска, додека потврдените мртви се дански пилот и грчки офицер за врска.
Двата хеликоптери биле изнајмени од Противпожарната служба, секој со екипаж од два члена.
Четири амбулантни возила на EKAB (Национален центар за итна медицинска помош) и една мобилна единица биле испратени на местото на настанот.
Хеликоптерите се судрија во воздух при интервенција за гаснење на шумски пожар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…
Грција започна истрага за вчерашната хеликоптерска несреќа
Грчкиот поткомитет за организиран криминал ќе спроведе…
Загинаа дански пилот и грчки офицер за…
Двајца преживеани и двајца загинати е билансот…
ДЗС доби два нови пилоти за гаснење…
На предлог на директорот на Дирекцијата за…
Бугарија испраќа помош: Три хеликоптери Ми-24 на…
Украински товарен авион Ан-124 Руслан (регистрациски број…