Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу

t

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е избран за градоначалник на перуанскиот округ Керопалка, во регионот Уануко, откако на локалните избори победи со само 25 гласа разлика.

Четириесет и петгодишниот Флорес настапил како кандидат на централно-левичарската партија „Ахора Насион“ и освоил 229 гласа, односно 34,5 отсто од вкупно 663 важечки гласа.

Неговиот најблизок противкандидат, Гаспар Бенилде Осорио Самбрано од партијата „Народна обнова“, освоил 204 гласа или 30,8 отсто.

Керопалка е мал андски округ со нешто повеќе од 730 жители, според официјалните податоци од 2024 година.

Флорес не е првиот перуански политичар со необично име поврзано со историски личности. Во Перу претходно бил избран и политичар со име Хитлер Алба, кој бил градоначалник на Јунгар.

Името на новоизбраниот градоначалник привлече големо внимание во меѓународните медиуми, но засега нема индикации дека тоа е поврзано со неговата политичка идеологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американците ги избраа осумте најдобри места на…

Македонија се најде меѓу најатрактивните туристички дестинации…

Македонската берза ја стави Алта банка на…

Македонската берза денеска соопшти дека ја ставила…

Пезешкијан: Моџтаба Хамнеи ѝ даде на владата…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат…

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил бизнис…

Драма на летот за Софија: Дојава за…

Патнички авион на авиокомпанијата „Виз ер“ (Wizz…