(ХИТ ВИДЕО за кое зборува целиот свет) „Тато го продаде својот мотоцикл, а јас го продадов мојот плејстејшн за да дојдеме во Рио на финалето”

t

Епското финале на „Маракана“ сè уште е меѓу главните фудбалски теми овие денови. Дуелот меѓу Бока Јуниорс и Флуминенсе, сам по себе беше вистински фудбалски спектакл, но во фокусот на јавноста се и многуте неверојатни приказни на аргентинските фанови кои откриваат низ што сè минале за да дојдат во Рио.

Младиот фан на Бока ја продаде својата највредна играчка, плејстејшнот, додека неговиот татко останал без мотоциклот. Сето тоа поради љубов кон својот омилен клуб.

„Тато го продаде својот мотоцикл, а јас го продадов мојот плејстејшн за да дојдеме во Рио на финалето. А воопшто немаме билети. Зошто? Па тоа е Бока, а Бока е лудница“, изјави момчето пред камерите.

Според бразилските медиуми во Рио имало преку 100.000 навивачи на Бока, а билети имале само 20.000. Тоа е таа љубов, која што ниту еден друг клуб во светот не може да ја почувствува од своите фанови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…

ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…

Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…

Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…

Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…