Холандскиот десничар: Јордан е Палестина, Палестинците да се преселат во Јордан
Холандскиот десничар Герт Вилдерс шокира со изјавите за решавање на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Неговата изјава го налути арапскиот свет.
„Јордан е Палестина, а конфликтот меѓу Израел и Хамас може да се реши ако Палестинците се преселат во Јордан“, вели десничарскиот популист Герт Вилдерс кој допрва треба да формира влада во Холандија како победник на тамошните избори.
Контроверзниот политичар по оваа изјава го навлече гневот на земјите од Арапската лига, пишува Политико.
Вилдерс е познат по своите про-израелски ставови. Тој вели дека Израел треба да поставува населби на Западниот Брег. Стигнаа реакциите од Арапската лига.
„Неодговорните изјави дадени од холандскиот парламентарец Герт Вилдерс се сметаат за мешање во внатрешните работи на Хашемитското Кралство Јордан и (се) отфрлаат и се осудуваат“, напиша амбасадата на ОАЕ во Холандија на Икс.
Катар, Египет, САД, Европската унија и Шпанија работат на продолжување на привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Овој став денеска во Барселона го кажа министерот за надворешни работи на палестинската управа Ријад Ал Малики. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска апелираше за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас. На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. Хамас бара формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим.
Германија ќе обезбеди пари за обнова на израелските заедници уништени од Хамас во терористичките напади на 7 октомври.
Џејмс Елдер, портпарол на УНИЦЕФ вели дека Газа е претворена во огромни гробишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…