Холандскиот премиер Руте му вети на Бајден испорака на „Patriot“ за Украина

t

Холандскиот премиер Марк Руте му рекол во вторникот на американскиот претседател Џо Бајден дека Холандија на Украина ќе ѝ го понуди напредниот и скап ракетен систем „Patriot“.

„Холандија ќе им се придружи на САД и на Германија и ќе испрати противвоздушниот систем Patriot во Украина. Мислам дека е важно да се придружиме, а за тоа утрово разговарав со германскиот канцелар Олаф Шолц“, изјави Руте пред Бајден во Белата куќа.

Бајден пред делот од разговорите зад затворени врати му се заблагодари на Руте за тоа што е „многу, многу доследен“ во својата поддршка за Украина. Руте притоа рече дека Холандија решила да потроши дополнителни 2,5 милијарди евра за поддршка на Украина, што претходно и го најави неговата влада.

Бајден и Руте би требало да разговараат за натамошна поддршка на Украина, „како и за натамошна соработка во областите на одбраната, безбедноста и зајакнување на билатералните односи“, се наведува во холандското соопштение.

САД во декември одлучија да ѝ додела на Украина нов пакет воена помош во висина од 1,85 милијарди долари, а кој првпат ќе ги вклучува системи за противвоздушна одбрана „Patriot“, како што истакна тогаш американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека тоа е потребно за Киев да дојде до што подобра позиција во преговори „кога ќе дојде времето“ за тоа.

Аналитичарите од вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии (CSIS) минатата седмица објавија процена дека се очекува батеријата „Patriot“ да ѝ биде испорачана на Украина во текот на февруари 2023 година. Останува нејасно чии воени екипажи ќе дејствуваат со овие скапи и софистицирани системи во Украина, односно дали за тоа веќе биле обучувани украински војници, бидејќи во вообичаени услови станува збор за сложена повеќемесечна обука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција се подготвува за најлошото: Во сценаријата…

Турското Министерство за одбрана се подготвува за…

Водно доби нов моторички парк од остатоците…

Нашето Водно од денес е побогато со…

Директорот на ЦИА не се сретна со…

Рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал…

БИРН: Над 90 отсто од приватните базени…

Во време на долги топлотни бранови, континентални…

Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…

Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…