Холандски експерт yдpи по Шилегов и „новите“ кадри на СДCM

t

Холандскиот експерт за Западен Балкан Ханс ван ден Берг не е одушевен од „новите“ лица во раководството на СДСМ.

На Твитер тој посебно ги споменува поранешните градоначалници, на Карпош Стефан Богоев и на Скопје Петре Шилегов.

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, добија место во ‘новото’ раководство на СДСМ. Посебно последниот е спротивност од тоа што треба да биде нова, ‘чиста, кредибилна и компетентна влада’. Ова нема да ги импресионира граѓаните на Македонија, главната цел на мандатарот Ковачевски“, коментира Ван ден Берг на Твитер.

Холандскиот експерт, исто така, потсетува на сообраќајната несреќа во Бугарија, за која се уште нема разврска.

„За Шилегов се шпекулира како за нов министер за транспорт, функција поврзана (во Македонија, но и пошироко во регионот на Западен Балкан) со корупција/кронизам/криминал. По страшни инциденти, во Македонија и во Бугарија, во кои загинаа многу македонски граѓани, нема транспарентност/отчетност. Како би можело ова да се подобри сега?“, прашува тој во нов твит.

Вчерашната средба на новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и американската амбасадорка Кејт Брнз за Ван дер Берг е

„Транспарентност отсуствува и во новата Влада. Мандатарот потпишува договори за отворен Балкан, го брифира американскиот амбасадор итн., сето тоа дури и пред да добие мандат од претседателот Пендаровски, но Собранието/опозицијата се држи во темнина за разговорите Македонија – Бугарија и за сè останато. Граѓаните повторно игнорирани“, заклучува Холанѓанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

СДСМ ги осуди заканите меѓу Мицкоски и…

Претстојните избори се клучни за иднината на…

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и…

Нашата определба е европска Македонија, зашто сакаме…