Хорор во Австрија: Ги удавила двете деца во базен, па се забила со автомобилот во дрво за да си пресуди
Морничава вест се прошири во Австрија денеска попладне!
Австриската телевизија ОРФ и други медиуми јавуваат дека мајка (36) ги убила своите две ќерки, од кои постарата имала седум години, а помалата само седум месеци.
Грозоморното злосторство се случило во Абздорф кај Тулин, во Долна Австрија.
Мајката монструм потоа влегла во автомобилот и се обидела да се самоубие удирајќи со голема брзина во дрво на страната на патот. Во несреќата била повредена и пренесена во блиската болница, но според локалната полиција нејзиниот живот не е во опасност.
Според медиумите, хоророт започнал во 9 часот и 30 минути кога таткото на девојчето се јавил во полиција и рекол дека сопругата по телефон му кажала дека ги убила нивните две заеднички деца и дека сега ќе се самоубие. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и преку отворената врата од балконот влегла во заедничката куќа на брачната двојка.
Полицајците биле преплашени кога ги пронашле телата на девојките. На помош веднаш пристигнале два хеликоптери и неколку амбулантни возила, но веќе било доцна и лекарите не успеале да ги реанимираат децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер…
Вистински хорор се случувал во Атина, откако…
Родени 3.684 деца во второто тримесечје од…
Во второто тримесечје од 2026 година, во…
По неколку месеци бегство австриските служби го…
Македонски државјанин, кој неколку месеци бил во…
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…
Сè повеќе мажи во Германија немаат деца
Сè поголем број мажи во Германија немаат…