Хорор во Битола, Ја тепал со столица, влечел кон тераса за да ја фрли, па ја силувал

t

Со трпезариска столица ја удирал по главата и телото, а потоа ја влечел кон терасата со закани дека ќе ја фрли долу.

Вака се одвивала грозоморната драма во семеен дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, каде 56-годишник брутално ја нападнал својата вонбрачна партнерка.

Освен физичкото насилство, насилникот ја присилил жената да се соблече и врз неа извршил полови дејствија против нејзина волја.

„Осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја тргал и ја носел во правец кон терасата, заканувајќи и се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија.“, соопштија од Обвинителството.

Битолското Јавно обвинителство побара притвор поради страв дека би можел да побегне или да го повтори делото. Го сомничи за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „полов напад и силување“,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…