Објавено на:

Хорор во БиХ: Го убила сопругот, го пресоблекла и ги заменила крвавите теписи, па повикала полиција

t

Пoлицијата во Добој ја уапси Х.М. од тој град поради сомнение дека го убила сопругот Х.М. во семејниот дом, пишува „Независне новине“.

Според неофицијални информации, Ханифа М.(59) со кујнски нож го прободела својот сопруг Хасан (55) во надлактицата, а тој искрварил до смрт. На убиството му претходела расправија.

Откако искрварил, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите од кои починал.

Како што се дознава, полицијата пронашла крвави теписи.

Според полициската управа Добој, таа била уапсена во понеделникот, поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.

„Постои сомнение дека наведеното лице истиот ден во семејниот дом му го одзело животот на сопругот Х.М., по што таа ја променила локацијата и потоа побарала интервенција на полициски службеници“, наведуваат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…