Објавено на:

Хорор во Мексико: Силен земјотрес од 7,6 степени можно е да предизвика цунами

t

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Мексико, а потресите се почувствувани дури до Мексико Сити, соопштија локалните власти и очевидци. Издадено е предупредување за цунами, јавуваат агенциите.

Земјотресот, кој се случи во 13 часот и 5 минути по локално време, беше центриран на околу 46 километри југоисточно од Ла Пласита де Морелос во државата Мичоакан. Удрил на длабочина од 15 километри, што е многу плитко, според познавачите.

Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна магнитуда од 7,6 степени, во однос на претходната проценка од 7,5. Мексиканската сеизмолошка агенција објави дека јачината е помала, на 7,4 степени.„Врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот, можни се опасни бранови од цунами за бреговите лоцирани на 300 километри од епицентарот на земјотресот“, се вели во билтенот на Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.

Детали за штети или жртви досега не се познати, но жителите во регионот пријавиле силно тресење.Во Мексико Сити се тресеа и згради, што ги натера жителите да истрчаат на улиците, но нема информации за сериозни штети или повредени во главниот град на нацијата, рече гувернерката Клаудија Шејнбаум.

Земјотресот, како што анализираат медиумите, се случува на годишнината од два претходни разорни земјотреси околу Мексико Сити, во кои загинаа над 10.000 луѓе во 1985 година и над 360 луѓе во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена ќе стане претседателка на Мексико и…

Мексико во јуни првпат во својата историја…

Бајден: Ако добијам овластување да ја затворам…

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека договорот…

Земјотрес утрово ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…

(Видео) Расте тензијата во Јапонија: Реакторите на…

Јапонската влада и Комисијата за атомска енергија…

Земјотрес од 6 степени ја погоди Кина,…

Во разорниот земјотрес што денеска ја погоди…