ХОРОР ВО РУСИЈА: Малолетници запалиле 11-годишно дете затоа што му љубомореле
11-годишен џудо спортист во Русија доживеа трагична смрт откако постарите деца го затвориле во колиба и го запалиле поради што жив изгорел.
Како што пишува „Дејли Мејл“, причината поради која малолетните насилници го запалиле 11-годишното момче бидејќи биле љубоморни на неговиот успех во натпреварите во џудо.
По вербалната расправија, настраданиот спортист Алберт Умбетјаров бил заробен во шумска колиба во околината на Москва од страна на насилниците.
Според сведочење на очевидци на настанот насилниците „користеле палки и го претепале. Откако тој паднал во бессознание, го полеале со бензин и го заклучале во колибата која ја запалиле. Насилниците, за кои се вели дека се на возраст од 13 до 15 години, ја заковале вратата за да го спречат 11-годишното момче да избега.
Група девојки кои биле сведоци на настанот го снимиле чинот, а потоа го објавиле видеото на интернет.
Руската полиција соопшти дека откако пожарот избувнал внатре во колибата дел од насилниците се обиеделе но не успеале да ја отворат вратата на колибата и поради тоа повикале помош. Кога пристигнала помошта, телото на момчето било пронајдено во изгорената колиба“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…