Објавено на:

Хорор во Франција: Воспитувачка “смирила” бебе со киселина за одзатнување одвод!

t

Една 27-годишна воспитувачка во градинка во Лион во Франција убила 11-месечно бебе со средство за чистење одвод зошто, како што изјавила, не можела повеќе да го поднесе плачот на бебето.

Персоналот од итните служби кои дошле на местото на убиството рекол дека девојчето е пронајдено во безживотна состојбаво градинката во Лион и веднаш е префрлено во болница. И покрај обидите за реанимација, детето починало, пренесува Феникс Магазин.

Истражителите најпрво се сомневале на несреќа, но набрзо станало јасно дека воспитувачката го убила бебето.

Воспитувачката дејствувала под налет на бес, пишува весникот Ле Прогрес.

Таа на истражителите им ја открила вистината. На детето му дала да испие течност за чистење на одводи. Девојчето постојано плачело и 27-годишната воспитувачка изјавила дека „повеќе не можела тоа да го поднесе“.

Според пишувањето на Ле Прогрес, течноста која му ја дала на девојчето е DesTop, моќно средство за одзатнување на одводи.

Адвокатот на воспитувачката за локалната телевизија BFMTV изјави дека во нејзините постапки не гледа намера да го убие бебето. Воспитувачката тврди дека на бебето по грешка му дала отровна течност и дека само „сакала да го смири“.

Истрагата е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…

Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…