Хорор во Хрватска: Полјак ја оставил болната сопруга да умре во агонија

t

Хрватската полиција во вторникот кај селото Медвиѓе пронашла тело на странска државјанка, чиј сопруг ја пријавил за исчезната. Телото било прегледано од судски вештак, кој не констатирал траги на насилство, а наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта- пишува Телеграф.рс.

Утврдено е дека се работи за полска државјанка (69) чие исчезнување било пријавено на 14 септември. Меѓутоа, по распитот, полицијата го уапсила нејзиниот 70-годишен сопруг, кој исто така е полски државјанин, поради сомнение дека на 13 септември во раните утрински часови во областа Бенковац ја оставил жената без помош во ситуации кои се опасни по нејзиниот живот и здравје.

Вечерњи лист неофицијално дознава дека Полјакот е осомничен дека ја оставил сопругата во тешко пристапно место и дека таа починала од смрзнување бидејќи и онака ѝ било нарушено здравјето. Полјакот кој ден подоцна ја пријавил исчезната сопруга, тврди дека сè било според договор со неговата сопруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација

Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…

Новоизбраниот полски претседател: Русија е посткомунистичка држава…

Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, изјави…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…

Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…

Полскиот премиер одби техничка влада – ќе…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…