Објавено на:

Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде улица

t

На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Р.Л.(72) од Радовиш.

Според пријавеното, на 02.07.2026 околу 22:00 на ул. „Благој Мучето“ во Радовиш се слушнал истрел од оружје, по што на улицата било забележано усмртено куче.

По преземени мерки од страна на полициски службеници е утврдено дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го признал делото, а од него е одземена и ловната пушка „застава м75“ со која го извршил делото, а која ја поседувал со дозвола.

Увид на местото е извршен од инспектор за храна и ветеринарство, ветеринарен лекар и екипа на ОВР Радовиш, при што е утврдено дека кучето е сопственост на Д.М. од Радовиш.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Р.Л. ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…

На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…

АХВ тврди: Не е волк, се работи…

Откако во јавноста се појавија информации дека…

Караман официјално признаен како автентична македонска раса!

Македонската кинологија доби нов повод за гордост…

Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка…

Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко,…

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите…

Куче било спасено синоќа од страна на…