ХОРОР: Девојче силувано во училиште во Белград! Ѝ се заканувале дека ќе ѝ го убијат семејството
Го вклучив нејзиниот мобилен телефон и почнав да се допишувам со нејзините другарки во нејзино име. Тогаш доживеав шок. Дознав дека ќерка ми е силувана!
Со овие зборови Д.Н., мајка на 13-годишно девојче што на почетокот на февруари 2023 година во Белград било силувано од нејзиниот врсник А.Б., ја започнува својата шокантна исповед за „Блиц“.
Случајот бил пријавен во полиција и во Вишото јавно обвинителство за малолетници на 22 март во полициската станица во Сурчин.
Мајката забележала дека нешто не е во ред кога девојчето почнало да се однесува поинаку. Тогаш решила да се допишува со другарките преку телефонот на ќерка ѝ, но ни на крај на памет не очекувала дека ќе го дознае тоа.
Момчето во еден момент се посомневало дека нејзината ќерка има снимка на која наводно се гледа како сексуално ја злоставува, поради што, и ја нападнал заедно со неговите другари.
Доживеав шок. Прво ѝ се заканувале дека ќе ме убијат мене, а потоа дека ќе ѝ го убијат целото семејство. Ѝ се заканија дека ќе нè сечкаат дел по дел. Ќерка ми сè уште има страшни соништа во кои ѝ се враќаат сцените од кобниот ден. Од 24 часа јас и сопругот спиеме по еден час. Ќерка ни е под лекарства, раскажува мајката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…
Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…
Белград се полни со специјалци: Жандармеријата во…
Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа…
Малолетник од Скопје силувал малолетничка, делото го…
Малолетник доби кривична пријава поради сомнение за…
Студентка издрогирана, претепана и групно силувана од…
Поранешна студентка на американскиот универзитет Корнел поднесе…
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…