„Храбро за Македонија“ ја претстави програмата во Градско

t

Ова е денот кога се сеќаваме на големото дело на нашиот револуционер Гоце Делчев, кое остави неизбришлива трага во духот на македонскиот народ, рече пред граѓаните во Градско, Љупчо Ристовски, лидерот на ИНТЕГРА и носителот на листата во втората изборна единица на коалицијата „Храбро за Македонија“.

Ристовски упати порака и опомена до двата претседателски кандидати, Пендаровски и Силјановска-Давкова, но и до сите идни пратеници во македонскиот парламент. Тој побара да не си го продаваат образот и честа за 30 сребреници, побара да го заштита македонскиот идентитет и да не чепкаат во Уставот, како највисок правен акт.

Пораката до македонската јавност е внимавајте кому ќе го доверите својот глас во среда на 8-ми мај, размислете пред да заокружите, рече Ристовски. „Ние сакаме да ве повикаме во името на тие 53 проценти неопределени, но и на сите вас кои сте одлучиле да гласате, да го заокружите број 3 за да добиете бедем и бастион во македонскиот парламент, кој ќе се грижи и ќе го чува македонскиот национален интерес“, истакна претседателот на ИНТЕГРА и носителот на листата на коалицијата „Храбро за Македонија“, Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина повредени во сообраќајка на патот Кичево…

Пет лица, меѓу кои двајца малолетници се…

Претседателството на ДУИ ќе одржи состанок

Претседателството на ДУИ денеска ќе одржи состанок.…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Познатиот рапер брутално ја претепал…

Раперот Паф Деди (Шон Комбс) во изминатите…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, советуваат…

Чести самопрегледи и заштита од сонце, се…

„Лидл“ го подготвува теренот за соработка со…

Над 130 компании од државава биле запознаени…