Хрватска испраќа 10 милиони евра за санација на последиците од поплавите во БиХ
Вчера се одржала 29-та седница на Владата на Република Хрватска на која беше донесена Одлука за обезбедување хуманитарна помош за населението во погодените подрачја од поплавите во Босна и Херцеговина.
Владата на Република Хрватска, имајќи ги предвид размерите на природната катастрофа во Босна и Херцеговина, одлучи да одвои средства во износ од 10 милиони евра за да обезбеди итна помош за санирање на последиците од поплавите и да помогне во обновата на инфраструктурата и да обезбеди основни потреби за жртвите и евакуираните. Оваа финансиска помош ќе биде испратена до Советот на министри на БиХ за потребите за помош на населението во подрачјата погодени од поплавите.
Воедно, тамошната Влада ги задолжува органите на државната управа во рамките на нивните надлежности да ги разгледаат можностите и да преземат соодветни чекори за давање помош на населението во подрачјата погодени од поплави, согласно барањето за меѓународна помош.
„Хрватска силно стои на страната на соседна и пријателска Босна и Херцеговина, која беше погодена од катастрофални поплави. Со финансиска помош во износ од 10 милиони евра, Хрватска активно учествува во испраќањето спасувачки екипи и опрема потребна за санација на теренот и останува подготвена и отворени за сите други форми на помош во согласност со потребите на властите во БиХ, уште еднаш ја изразуваме нашата солидарност и длабоко сочувство со сите погодени од оваа тешка трагедија“, изјавил премиерот Андреј Пленковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Телото кое беше пронајдено во близина на…
Телото пронајдено за време на пожарот во…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…