Хрватскиот претседател со поддршка за Босна: Ни Русија ни Србија не можат да ја распарчат – Тие заслужуваат членство во ЕУ пред Украина!
Милановиќ: БиХ не ја распарчуваат ниту Хрватска, ниту Србија, ниту Русија!
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска не подготвува агресија, ниту сака да ја распарчи БиХ, а богами, рече, ниту Србија ниту Русија, бидејќи тоа не можат да го направат.
Во обраќањето до јавноста од Славонија, Милановиќ рече дека хрватскиот интерес во БиХ е рамноправноста на трите народи, што, како што наведе, е многу важно за мирот.
„Ако Украина добие статус кандидат за ЕУ, Босна одамна го заслужи тоа. Доколку Брисел не ја разбира доволно ситуацијата, тогаш дипломатијата треба да го објасни тоа“, рече Милановиќ коментирајќи ја ситуацијата во однос на изборните реформи во БиХ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…