Хрватските медиуми удрија по македонските институции за случајот со Денис Тот: “Ова е СКАНДАЛ, врхушката свесно го заташкува случајот!”

t

Случајот со смртта на хрватскиот ракометар кој настапуваше за РК Бутел-Скопје продолжува да ја бранува јавноста регионот. Ова е невидено. Свесно се заташкува случајот. Политички се компромитирани, врхушката на болницата ги стави под тепих работите. Ова ќе биде голем скандал, вака го опишуваат случајот хрватските медиуми.

Имено, првично македонските истритуции излегоа со информација дека ракометарот на Бутел во раните утрински часови на скопските клиники бил донесен во безсознание и без траги на насилство, за после неколку часа повторно да излезат со спротивна информација на претходната.

-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста, објавија од МВР.

После неколку часови, од МВР информираа дека всушност станува за физички напад врз сега веќе починатиот и за истиот немил настан се сомничат неколку лица.

Во врска со случајот за починатиот Д.Т. (28) по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени се следните факти.

На ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест.

По добиеното известување од Министерството за внатрешни работи за случен кривично правен настан со смртни последици, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, со цел да се испитаат сите околности во насока на расчистување на настанот издаде низа наредби и тоа: Наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за обезбедување на видео записи од безбедносни камери – Safe City и ноќниот клуб, како и да се сослушаат повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата.

Врз основа на прегледаните видео записи идентификувани се три лица за кои предметниот обвинител по добивање на кривичната пријава ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка, поради постоење на основано сомнение дека осомничените меѓу кои една девојка (19) сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 вв член 22 од КЗ. Двајца од осомничени се лишени од слобода и денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, додека по првоосомничениот кој е недостапен на органите на прогонот се трага и е распишан централен распис.

Со оглед на тежината на стореното кривично дело и запретената казна, како и заради непречено водење на постапката, обвинителството цени дека се исполнети законските услови за определување на најстрогата мерка за обезбедување на присуство, па за сите осомничени ќе предложи да им биде определена мерката притвор.

Денес во утринските часови на Институтот за судска медицина и геонтологија беше извршена обдукција врз починатото лице и според првичните наоди, иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесените удари.

Случајот со смртта на Денис Тот хрватските медиуми го опишуваат како голем скандал, и обид за заташкување на истиот.

-Ова е невидено. Свесно се заташкува случајот. Политички се компромитирани, врхушката на болницата ги стави под тепих работите. Ова ќе биде голем скандал, доколку нема притисок од обвинителството. Срамно е за секој лекар. Се надевам дека сите ќе одговараат, бесено истакнал високо позициониран извор на скопските Клиники за хрватската телевизија „24 Сата“,кој уште вчера за оваа телевизија изјавил дека Денис во болницата бил донесен брутално претепан и со крвава глава, притоа додавајќи дека во тепачката се користеле боксирачи и други тврди предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милановиќ под лупа на институциите, медиумите не…

Државната изборна комисија  на Хрватска соопшти дека…

Политички аналитичари: Израел падна од високо, Xамаc…

Политичкиот експерт Фахми Хуваиди рече дека прифаќањето…

Спасовски: Медиумите се сериозен партнер на МВР

Медиумите се сериозен партнер на МВР.  Во…

Словачкиот премиер ја запре комуникацијата со четири…

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја прекина…

Здружението „Онлајнмедиа“ бара дискриминирачките одредби да се…

Ја информираме јавноста дека во измените на…