Христос се роди! Мир Божји!
И како што со Раѓањето Исусово темната пештера ја исполни со светлина, топлина, љубов и убавина, така и ние да го отвориме нашето срце и да му пренесеме јасли во него и таму да му се поклониме на Богомладенецот, Новородениот Цар и Бог Исус Христос за сите векови. Амин
Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.
Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важна личност во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба.
Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди”, на што се одговара „Ваистина се роди”. По 40 дена, денеска е прв мрсен ден. Оние кои утринава беа на Светата Литургија и се причестија, можат да си го прослават Божик за кое вообичаено се подготвува свинско печено.
„Раѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос е осмислувањето на нашето постоење. Со раѓањето на Исус Христос, нашиот живот повторно доби смисла, затоа што до тогаш, заради гревот, човекот испадна од заедницата со Бога и постана смртен и несреќен и неговиот живот немаше смисла. Со раѓањето, пак, на Богочовекот Христос повторно се воспостави таа заедница и можност за животот вечен и животот човечки доби смисла.
Бог го создал човекот да има живот вечен и радост и веселие во него. Тој живот вечен се состои само во заедницата со Живиот и вечен Бог. Ние сме во заедница со Него, ако ги исполнуваме Неговите заповеди и Евангелието.
Гревот е отпаѓање од таа благодатна заедница со Бога, а со тоа и од животот Вечен. Гревот е нашиот најголем непријател. Бидејки човекот згреши, тој отпадна од Бога и од вечен стана смртен.
Со раѓањето на Исус Христос, Бог се смири со луѓето. Со Неговото раѓање Бог ја раскина таа проклета разделба меѓу нас и Него. Само Исус Христос беше моќен да го стори тоа и Тој повторно го постави мостот, врската меѓу нас и Бог. Со тоа Тој повторно ни даде можност да се подигнеме од калта и проклетството на грешниот живот и смртта и да оживееме во Него. Без Богочовекот Исус Христос ние сме апсолутно ништо. Исус Христос е алфа и омега, почеток и крај и осмислување на нашиот живот.
Исто така, како што Христос нас ни прости и не посети, така ние треба да си простиме еден на друг и да се посетиме. Да не му даваме простор на ѓаволот да стои меѓу нас. Да не заборавиме дека, ако сме вистински Христијани треба вистински да го следиме Христос. И како што Тој прв не возљуби, така и ние треба први да подадеме рака и тогаш вистински ќе можеме заедно со ангелите да ја пееме Божествената песна: “Слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!” Ако не постапуваме така, тогаш бадијала Христос се родил за нас. Ние немаме ништо заедничко со Него. Немаме ништо со радоста на овој празник и нашето срце останува празно, темно и пусто.
И како што со Раѓањето Исусово темната пештера ја исполни со светлина, топлина, љубов и убавина, така и ние да го отвориме нашето срце и да му пренесеме јасли во него и таму да му се поклониме на Богомладенецот, Новородениот Цар и Бог Исус Христос за сите векови. Амин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…