Хумана Европа: Нема вакцини за Бангладеш доколку не поддржи санкции за Русија!
Литванија одби да ја достави вакцината против Ковид 19 во Бангладеш, откако оваа земја се воздржа од гласање за резолуцијата на Обединетите нации за осуда на руската специјална воена операција во Украина, пишува „Њузвик“.
Според Newsweek, за време на дебатата на Генералното собрание на ОН, претставникот на Бангладеш изјавил дека неговата земја секогаш е посветена на мирот, иако предложената резолуција „само укажува на виновникот и не прави ништо за регулирање на кризата во Украина“.
Ова издание се повикува на соопштението на Литванската државна радио и телевизија, според чии информации Вилнус ја повлече претходната одлука за испраќање над 440 илјади дози вакцина во Бангладеш. Подоцна, како што се наведува, овие податоци ги потврдила и портпаролката на литванскиот премиер Ингрид Шимонте.
Покрај Бангладеш, како што е познато, од гласање се воздржаа уште 34 земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…