Објавено на:

Хутите нападнаа американски брод во близина на брегот на Јемен

t

Американската команда го потврди нападот на бродот Гибралтар Игл во близина на брегот на Јемен.

Канцеларијата за координација на поморската трговија на британската морнарица извести дека проектилот го погодил бродот, на 95 наутички милји југоисточно од јеменскиот град Аден.
Како што се наведува, нападот бил извршен од воздух.

Според американската војска, Хутите истрелале противбродска балистичка ракета.
Бродот не пријавил значителна штета и го продолжува патувањето, соопшти американската команда.
Канцеларијата за координација на поморската трговија на британската морнарица ги советуваше бродовите да бидат внимателни кога пловат во областа.
Според прелиминарните информации на Ројтерс, екипажот на товарниот брод не е повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

(Видео) Сателитски снимки покажуваат голем облак чад…

Голем облак чад е забележан над нафтениот…

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…