Царинска управа: Разбиена меѓународна криминална група поврзана со нелегална трговија со дрога, пет лица се приведени

t

По спроведена истрага на Oдделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, разбиена е меѓународна криминална група поврзана со нелегална трговија со дрога. Пет лица се приведени и против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

 

Акцијата започна по разузнавачка информација од Одделението за разузнавање, по што мобилни тимови од Одделението за оперативни работи преземаа оперативни дејствија и на граничен премин Дојран на излез од државата, спречија обид за нелегална трговија со 79 кг марихуана која требало да заврши на турскиот пазар. Марихуаната беше запленета, а возачот, државјанин на Босна и Херцеговина беше приведен од страна на Одделението за истраги кое во соработка со ОЈО ГОКК започна темелна предистражна постапка со цел откривање на сите сторители.

 

Во предистражната постапка е утврдено дека камионот со кој управувал возачот од БиХ влегол во Македонија натоварен со железни профили кои требало да ги транспортира до Грција. По претходен договор со лица од Македонија, на однапред договорена локација извршен е претовар на марихуаната во камионот, по што истиот е пломбиран со пломба која возачот ја имал во себе. Истиот потоа го продолжил патот кон Грција преку граничниот премин Дојран, каде е пресретнат од мобилните единици.

Со оваа акција Царинската управа уште еднаш потврдува дека со силни разузнавачки и оперативни дејствија и темелни истраги, системски го сузбива криминалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царинска управа: Разбиена меѓународна криминална група поврзана…

По спроведена истрага на Oдделението за истраги…

Бизарна афера во Финска: Русија осомничена за…

Финска истражува серија мистериозни упади во домовите…

Радев: Нападот со дронови врз цивилни бродови…

Бугарскиот премиер Румен Радев денеска свика вонреден…

ДАТА ЦЕНТРИТЕ И ПОБАРУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА ЌЕ…

Инвеститорите да обрнат внимание на бакарот, повика…

Трамп: На сите полнолетни граѓани на САД…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека…