Славјанка не го сака, ама Лавров веројатно ќе дојде во Скопје идната недела!?
Ќе долета ли шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров идната недела во Скопје? Официјална потврда од МНР најавуваат за утре или најдоцна до петок, иако според извори на Канал 5, веќе е извесно неговото присуство
Според досегашните информации Руската федерација веќе покажала интерес и преку писмо упатено до претседавачот Османи, побарала да се обезбеди присуство на Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје. Дека процедурата за доаѓање на Лавров во Скопје е веќе отпочната, пред неколку денови потврди и Османи кој рече дека барањата за визи на руската делегација се процесуираат, но порача дека нивното доаѓање во Скопје ќе биде предизвик поради забраната за прелет на руски државни авиони. Конечната одлука ќе зависи не само од
Македонија, туку и од земјите членки на ОБСЕ и соседите кои ќе треба да дозволат прелет на руски авион.
Ние ги процесуираме барањата на сите членови на руската делегација за визи и за доаѓање во Македонија. Во моментот кога ќе имаме решение, сигурно ќе информираме. Јас се надевам дека сите министри ќе идат присутни на конференцијата на ОБСЕ – изјави Османи.
И додека Османи потенцира дека Македонија треба да обезбеди услови за присуство на сите министри на
Конференцијата за да не се доведе во прашање изборот на следниот претседавач со ОБСЕ, кој мора да биде избран со консензус од сите држави, неговата колешка од одбрана Славјанка Петровска порачува дека Лавров не е добредојден во земјава.
Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, меѓутоа пред сè нивниот однос кон Украина не гледам зошто тој би доаѓал овде – рече министерката Петровска.
И додека се чека потврда на присуството на Лавров во земјава, скоро извесно е дека американската делегација на Министерскиот совет на ОБСЕ ќе ја предводи државниот секретар Ентони Блинкен. Собирот ќе почне со неформална вечера следната среда на 29 ноември, а на 30-ти ноември е формалниот дел на кој ќе се обратат шефовите на дипломатиите од земјите-членки на ОБСЕ
Извор: Канал 5
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобус полн со српски туристи излетал од…
Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој…
Болниците во криза, директорите милионери: Огромни примања…
Додека здравствените организации во Бугарија од година…
Затекнати се додека подметнуваат пожари: Уапсени две…
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од…
Трамп врши притисок врз Apple да не…
Американскиот министер за трговија Хауард Латник ја…
Лекот „мифортик“ што поскапе за 3.450 денари,…
Лекот мифортик 360, кој пациентите со трансплантиран…