Цветан Панделевски, Зоранчо „Езимит“ и Јованче Тасковски добија обвинителен акт во предметот „Империја“

t

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција попладнево поднесе три нови обвинителни акти кои произлегуваат од предметот „Империја“, во кои опфатени ќе бидат три лица кои не успеаа да се спогодат со обвинителството и да признаат вина.

Истрагата за предметот „Империја“ ја отвори некогашното Специјално Јавно Обвинителство со кое шефуваше сега осудената обвинителка Катица Јанева, која пак беше осудена за барање и примање на поткуп.

Во предметот „Империја“ опфатени беа Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Од нив, најголемиот дел прифатија спогодби за ОЈОГОКК, а на дел од обвинетите беа ослободени поради застарување на делото.

Во последниот обвинителен акт, со обвинение ќе бидат опфатени Зоранчо Митревски сопственик на компанијата „Езимит“, Цветан Панделевски сопственик на „Пелистерка“ и Јованче Тасковски берзански брокер.

Против овие лица ќе се бара одговорност за злосторничко здружување и перење пари.

ОЈОГОКК спроведе и економско вештачење за предметот „Империја“ врз основа на кое ќе бара и одговорност од наведените лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска соопшти: Камчев се спогодил за “Империја”…

Орце Камчев со спогодба признал вина за…

Стефанова: Осомничени од “Империја” сакаат да се…

Има осомничени од случајот “Империја” кои сакаат…

Се запленува имот од шест правни лица…

Во рамките на истражната постапка во предметот…

Врховниот суд со два заклучоци им ги…

Врховниот суд уште на 7.12.2021 година донел…