Објавено на:

ЦЕЛА ЕВРОПА ГО БАРА ДЕВОЈЧЕТО СО ЦУЦЛА: Драгана Мирковиќ во Виена ангажирала приватен детектив во потрагата по малата Данка

t

Српската пејачка Драгана Мирковиќ која живее во Виена, активно е вклучена во потрагата по 2-годишната Данка Илиќ. По објавата на видеото од Виена на кое е забележано девојче што наликува на Данка заедно со две Романки, на иницијатива на пејачката ангажиран е и приватен детектив кој се обидува да открие што се случило со Данка и каде е, доколку таа е девојчето од видеото.

– Благодарност до српскиот амбасадор во Виена кој е свесен колку се потрудивм споделував, некои работи дури и приватно ги правам, со еден мој пријател. Ангажиран е и детектив. Во договор, секако, со мене, бидејќи гледа се сите загрижени. Ангажира приватен детектив да проба, да види каде, што и како…Сите навистина се трудиме, максимално. Искрено се надевам дека детето ќе се најде, тоа е апсолутен приоритет, само се молам на Бога сè да биде како што треба. Им благодарам и на новинарите што му дават важност на ова да заврши што поскоро. Искрено се надевам дека Австрија ќе биде нејзината последна станица, пред да ја вратиме дома – вели Драгана Мирковиќ во изјавата за Телеграф која ја пренесуваат повеќе српски медиуми.

Потрагата по малата Данка која изчезна на 26 март во приградската населба Бањско Поље кај Бор, е актуелна тема во медиумите од регионот, а приказната за исчезнувањето на 2-годишното девојче од Србија се најде и на насловната страница на германски „Билд“. Германскиот медиум на својата веб-страница објави текст за потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) под наслов: „Цела Европа го бара девојчето со цуцла – Мистериозно видео води до Австрија“.

Во текстот на „Билд“ се наведува дека во тек е една од најголемите потраги во историјата на Србија.

„Билд“ објави дека Данка Илиќ исчезнала на 26 март, кога била изгубена во приградска населба кај Бор.

„Тоа беше почеток на една од најголемите операции за пребарување во историјата на земјата. Голем контингент од полиција, пожарникари и волонтери ја чешлаа приградската населба Бањско Поље. Ангажирани се багери и кучиња трагачи и активиран е системот „Најди ме“, што и овозможи на јавноста да се вклучи“ – пренесува „Билд“.
Една недела подоцна се појави трошка надеж – Србин кој живее во Виена изјави дека го видел детето на улица на 30 март, во друштво на две жени, најверојатно Романки.

„Контактирал со српските власти и доставил видео на кое се гледа девојчето. Дали ова навистина може да биде Данка? Надлежните ја сфаќаат сериозно дојавата и веднаш започнуваат потрага низ Европа: повикани се Интерпол и австриската полиција“ – пишува „Билд“.

Откако минатиот викенд се појави веста дека малата Данка Илиќ (2), која исчезна во околината на Бор на 26 март, можеби е снимена во Виена, во потрагата по неа се вклучија и австриските медиуми. Сега веста за нејзиното исчезнување ја објави и весникот „Кронен Цајтунг“.

Австриските медиуми пишуваат дека минатиот вторник исчезнало двегодишно девојче од Србија, а Србин кој живеел во Виена рекол дека на трамвајската станица во овој град видел девојче кое личело на Данка.

„Кронен Цајтунг“ пишува дека девојчето исчезнало од градината на викендицата во Бањско Поље кај Бор. Оттаму додаваат дека на сајтот на Интерпол е објавена фотографија од девојчесто со нејзините податоци. Тие потсетуваат дека Данка наскоро ќе наполни 2 години, дека има кафена коса, лузна на левата надлактица и дека е висока околу 85 сантиметри.

Австрискиот весник потоа пишува дека патеката може да води до Виена. Посочуваат дека до српските власти било пријавено дека Србин, кој живее во Виена, можеби го видел девојчето во центарот во саботата вечерта и дека со неа биле две жени кои зборуваат романски.

Сведокот прво ги повикал српските власти и ги известил, а тие потоа испратиле барање за истрага до своите виенски колеги. Човекот потоа бил сослушан, а видеото што го снимил било обезбедено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Милановиќ го поддржа Пендаровски

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го поддржа актуелниот…

Шефот на финската армија: Европа треба да…

Новиот шеф на вооружените сили на Финска,…

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и…

Носителот на листа на кандидати за пратеници…

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават…

Левица како нова генерација млади политичари на…

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа…

Владата на Република Македонија ја разгледа и…