Целосното соопштение од СПЦ: Нема да ја уценуваме МПЦ со нејзината јурисдикција

t

За да се избегнат недоразбирања содржината на соопштението од Соборот на Српската православна црква (СПЦ), со кое денеска беше одобрено канонското единство со МПЦ-ОА, објавено е целосното соопштение на СПЦ.

Го пренесувам соопштението интегрално:

Добивајќи го актот од Светиот архијерејски синод на „Македонската православна црква-Охридска архиепископија“, со кој истата го прифаќа општопризнатиот канонски статус доделен во 1959 година од страна на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква и со кој изразува надеж дека Српската православна црква братољубиво ќе го решава и ќе го реши и прашањето на нејзиниот конечен статус, по што треба да следува сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, Светиот архијерејски собор одлучи:

– со благодарност кон Господ и со радост, Соборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија односно целосна внатрешна самостојност доделен уште во 1959 година;

– со оглед дека со ова се отстранети причините за прекин на литургиското и канонското општење, предизвикани со едностраното прогласување автокефалност во 1967 година, се воспоставува целосно литургиско и канонско општење;

– со воспоставувањето единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија, не само што е можен туку е и целисходен, легитимен и реален;

– во дијалогот за нивниот иден и евентуално конечен канонски статус, Српската православна црква ќе се раководи само и исклучиво од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитичките“, „геополитичките“, „црковнополитичките“ и други слични состојби или за еднострани иницијативи и не подлегнувајќи под ничие влијание и притисок;

– и конечно, по решавањето на статусот, Соборот нема намера да ја условува новата сестринска црква со ограничувачки клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и дијаспората, со препорака да го реши прашањето за своето официјално име во непосреден братски дијалог со хеленофонските и останатите помесни православни цркви.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Спомен на јавувањето на…

Во времето на царот Констанс, синот на…

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и…

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно…

Велигденско послание на г.г. Стефан: Македонскиот народ,…

Велигденско послание од МПЦ-ОА, го пренесуваме во…

Денеска се празнува Лазарева сабота

Светиот Лазар, брат на Марта и Марија,…

Денеска се празнува Свети Григориј Двоеслов, папа…

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа…