Целосно е изгаснат пожарот кај Криволак: Ова е состојбата со пожарите во Македонија
„Два тима на ДЗС се на тешко пристапен терен во Василево, одат од жариште на жариште каде што чади и го гасат за да не се распали оти често пожарите се смирени наутро, а знаат да се разгорат по 12 часот кога фаќа жештината“, вели Ангелов.
Целосно е изгаснат пожарот на военот полигон Криволак во што помогнал и дождот, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за „360 степени“ и потенцира дека во моментов нема активен пожар во земјава.
За пожарот во Василево, пак, вели дека го контолираат зашто иако нема оган, чади на неколку места па тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се на терен.
„Два тима на ДЗС се на тешко пристапен терен, одат од жариште на жариште каде што чади и го гасат за да не се распали оти често пожарите се смирени наутро, а знаат да се разгорат по 12 часот кога фаќа жештината“, вели Ангелов.
Сепак, напоменува дека поради високите температури во текот на денот, состојбата со пожарите е доста променлива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…