Цената на нафтата падна на нивото пред војната во Иран

t

Цената на нафтата падна на нивоа какви што не беа забележани уште од периодот пред војната со Иран, додека сообраќајот низ стратешки важниот Ормутски Теснец постепено се враќа во нормала.

Суровата нафта „Брент“, која служи како глобален репер, привремено падна под 72,48 долари за барел, што е нивото на кое се наоѓаше еден ден пред САД и Израел да започнат напади врз Иран на 28 февруари. Подоцна цената повторно благо порасна на 72,63 долари за барел.

Цените на енергенсите забележаа големи осцилации откако Иран одговори на нападите со практично затворање на Ормутскиот Теснец, клучен поморски премин за транспорт на нафта и природен гас.

Цената на суровата нафта значително опаѓа од 17 јуни, кога САД и Иран потпишаа Меморандум за разбирање (МоР), со кој беше предвиден 60-дневен период за преговори околу нуклеарната програма на Техеран и други мерки насочени кон ставање крај на конфликтот.

Претставници на двете земји минатиот викенд се состанаа во Швајцарија на разговори чија цел е завршување на судирот. Како резултат на тие средби, САД делумно ги укинаа санкциите за извозот на иранска нафта.

Според податоците на компанијата за поморска аналитика „Кплер“, бројот на бродови што минуваат низ Ормутскиот Теснец значително се зголемил по потпишувањето на меморандумот.

САД и Иран воспоставиле и директна „линија за комуникација“ за да се избегнат недоразбирања, со цел да се гарантира безбедно движење на трговските бродови низ Ормутскиот Теснец, се наведува во заедничкото соопштение на посредниците Катар и Пакистан објавено во понеделникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата падна на нивото пред…

Цената на нафтата падна на нивоа какви…

Техеран објави дека формира четири работни групи…

Техничките разговори во Швајцарија, дел од преговорите…

Иран нема да се откаже од правото…

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата…

Иран се заканува дека ќе го прекине…

Помошникот на врховниот лидер на Иран, Моџтаба…

Денес мировни преговори САД-Иран во Швајцарија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигна…