Цените на нафтата во првата недела од 2022 година пораснаа за повеќе од 5 отсто

t

На светските берзи цената на нафтата порасна за повеќе од 5 отсто во првата недела од 2022 година поради немирите во Казахстан и пореметувањата во производството во Либија, па вестите за ширењето на „омикрон“ беа во втор план.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 5,2 отсто, на 81,75 долари, додека цената на барелот на американскиот пазар порасна за 5,1 отсто, на 78,90 долари.

Откако минатата година порасна за повеќе од 50 отсто, цената на нафтата значително порасна во првата недела од новата година како резултат на немирите во Казахстан, членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), пренесе „Хина“.

Протестите започнаа во регионите богати со нафта во западен Казахстан, откако цените на горивата значително пораснаа во земјата на почетокот на новата година.

Аналитичарите проценуваат дека побарувачката за нафта оваа година ќе се врати на нивото пред пандемијата на коронавирус, на околу 100 милиони барели дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа пред тешка зима: Растат цените на…

Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…

Цената на нафтата скокна над 100 долари…

Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…

Очекуваме годината да ја завршиме со раст…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…