„Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема“, велат од СДСМ
„Цените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари“, велат од СДСМ.
„Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите.
Во вакви услови воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект.
На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес…
За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите.
Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери“, соопштуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…