Централен одбор на СДСМ вечерва
Социјалдемократски Сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва одржува седница на Централниот одбор, на која, според потврда од партијата за МИА, една од главните теми ќе биде подготовката за претстојниот конгрес.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера на прес-конференција во одговор на новинарско прашање, изјави дека на Конгрес на 24 ноември СДСМ ќе го избере новиот Централен и Извршен одбор, како и целокупното партиско раководство. На конгресот, како што најави, ќе се дискутира за идните политики и делување на партијата.
-За 24 ноември е закажан Конгресот на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор од кој ќе произлезе новиот Извршен одбор и целокупното партиско раководство, по што сите активности ќе се засилат, рече Филипче.
При тоа, Филипче потенцираше дека во моментов во СДСМ се случува значајна консолидација и активно се работи на враќање на довербата во партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…