Објавено на:

ЦИНТУЛА ПРИЗНА ВИНА ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ФИЦО: Тој учествувал во антивладини протести и бил против прекинот на помошта за Украина

t

Осомничениот за нападот врз словачкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина.

Цинтула беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.

Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен. Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.

Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.

Цинтула наводно учествувал во неколку антивладини протести, а бил против прекинот на помошта за Украина и на ликвидацијата на словачките медиуми.

Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…

Претставници на Студентската листа, која победи на…

Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…

Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…