Објавено на:

Црвена полумесечина: Повеќе од 100.000 цивилни згради се оштетени во Иран

t

Американските и израелските напади врз Иран оштетија или уништија повеќе од 100.000 цивилни згради, според најновите податоци од иранската Црвена полумесечина.

Само во главниот град Техеран, погодени се речиси 40.000 станбени згради и деловни единици, објави хуманитарната организација на социјалната мрежа X.

Црвената полумесечина, исто така, на X соопшти дека околу 600 училишта и речиси 300 здравствени центри биле нападнати во последните четири недели.

Нема ажурирани податоци за бројот на жртви.

Иранското министерство за здравство претходно оваа недела соопшти дека повеќе од 1.900 луѓе, вклучувајќи 240 жени и повеќе од 200 деца, се убиени од почетокот на војната на 28 февруари оваа година. Повеќе од 24.800 луѓе се повредени во истиот период, пренесува ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…

Хаменеи: „Непријателските сили“ ќе бидат протерани од…

Иранските сили ги потиснале „непријателските сили“ од…