Црвен крст: Досега собрани над 2,5 милиони евра за настраданите од пожарот во Кочани

t

Досега се собрани 156.542.967 денари (над 2,5 милиони евра) во рамки на апелот на Црвениот крст на Северна Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март 2025 годинава.

Како што информира Црвениот крст, заклучно до денеска во неколку наврати оваа организација изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.

– Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258 денари, а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250 денари. Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денари – стои во соопштението.

Преостанатите средства во износ од 46.593.866 денари на сметката на Црвениот крст, како што се наведува, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетраење на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распределба на средствата.

Најавува дека за тоа ќе информира.

Црвениот крст се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства.

Продолжуваат со своите активности на терен со акцент на обезбедување психолошка поддршка во обид, како што велат, да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…

„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…

„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…

Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…