Објавено на:

Црна Гора и Турција ја зајакнуваат воената соработка

t

Министерството за одбрана соопшти дека началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал Миодраг Вуксановиќ, се сретна со амбасадорот на Република Турција во Црна Гора, Бариш Калкаван, и со одбранбеното аташе на таа земја, потполковник Мехмет Четин Атаманер.

Како што пренесува Радио телевизија Црна Гора, за време на средбата се истакнати пријателските и сојузнички односи на двете земји, како и континуираната соработка меѓу војската на Црна Гора и вооружените сили на Република Турција.

„Војската на Црна Гора го цени пријателството и соработката со Република Турција, што значително придонесува за зајакнување на нашите капацитети и способности. Поддршката што Турција ја дава преку размена на искуства, донации и можности за обука на персонал на престижни воени академии е особено важна за нас. Уверен сум дека ќе продолжиме заеднички да ги подобруваме односите во духот на сојузништвото и довербата“, рече генералот Вуксановиќ.

Амбасадорот Калкаван изјави дека Турција и Црна Гора имаат долгогодишни пријателски односи, што се одразува и во одличната соработка меѓу вооружените сили.

Тој нагласи дека Турција ќе продолжи да дава поддршка за понатамошен развој на црногорската армија.

„Соговорниците се согласија дека постои простор за понатамошен развој на соработката преку заеднички проекти и иницијативи, особено во областа на военото образование, логистиката и размената на знаења и искуства“, се вели во соопштението на црногорското министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…

Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…