Црна Гора премина на онлајн настава поради дојавите за бомби во училиштата
Црногорското Министерство за образование денеска одлучи до крајот на неделата наставата во сите средни и основни училишта во таа земја да се одвива преку интернет.
Одлуката доаѓа откако два дена по ред беа евакуирани сите образовни институции поради лажни дојави за поставени бомби.
Како што е соопштено, ваквата одлука е донесена по препорака на Црногорската полициска управа, а за учениците е обезбеден континуитет на настава.
„Црногорското Министерство за образование во соработка со Полициската управа навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности и препораки. Исто така денеска апелираме до сите граѓани да останат смирени и присебни и да ги почитуваат упатствата на Министерството и Полициската управа со цел заеднички да придонесеме за стабилност во новосоздадената состојба“, се вели во соопштението.
Вчера и денеска на интернет адресите на основните и средните училишта пристигнаа заканувачки пораки дека се поставени бомби, по што наставата е прекината, а учениците се евакуирани.
Пораките дошле од е-поштата Ричард Рамирез, а авторот се претставил како Владислав Поздњаков од руската екстремистичка група „Машка држава“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Во Грција досега регистрирани 157 случаи на…
За една седмица во Грција биле регистрирани…
Поранешен таен агент на ЦИА од Косово…
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се…
(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…
Силно невреме вчера зафати делови од Германија…
(Видео) Автомобил се заби во автобуска постројка
Сообраќајна несреќа вечерва го привлече вниманието на…