Црна Гора протера Руски дипломат : Не се однесувал „дипломатски“
Според одлуката на црногорското МНР, рускиот дипломат кој е прогласен за ‘персона нон грата’ ќе има рок од 72 часа да ја напушти земјата
Руски дипломат од амбасадата на Русија во Црна Гора денеска е прогласен за ‘персона нон грата’ од страна на црногорското Министерство за надворешни работи, а ќе има рок од 72 часа да ја напушти земјата, соопштува тамошното министерство, а пренесе Данас.
„Причината за донесување на оваа одлука е оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на рускиот дипломат, кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на црногорското МНР.
Како што наведуваат од црногорското МНР, оваа одлука во која е наведен и 72-часовниот рок за напуштање на земјата, денеска му била врачена на рускиот амбасадор.
Црна Гора, инаку, се приклучи на меѓународните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…