Објавено на:

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци

t

До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева.

Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај селото Долна Бошава, каде горела ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснати се два пожара и тоа во општина Желино, кај селото Дебарце, каде била зафатена ниска вегетација, како и во општина Гостивар, кај селото Горна Бањица, во кругот на фабриката САЕМ, каде гореле сува трева и дрвени отпадоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…

Вкупно 20 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…

Вкупно 22 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…

До 13 часот денеска на територијата на…

Над 8.300 повици на бројот 112 по…

Скопјани во голем број побарале помош и…