ЦУК: Екипите се на терен, најпрво се помага на загрозени и приоритетни случаи
Центарот за управување со кризи, преку 112 се трансферираат повиците за итни случаи, конкретно за помош за граѓаните погодени од невремето, до надлежните институции и служби од Град Скопје и општините од скопско, јавуваат од ЦУК.
Нормално, прво се помага на загрозените луѓе и тоа по прироритет што го имаат како стандардна операивна процедура професионалците од ангажираните институции и служби од системот за управување со кризи, а потоа и ќе се сумираат штетите. Има информации од за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, летнти, односно паднати кровови од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја коишто паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.
Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.
На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 – пријави дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример) но сепак тоа е пријава од лице место на засегана страна. За ова се веже известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.
Под подвозникот кај хотел Континентл имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под Куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно кобе, вкупно 15-етина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…
Интелигентните камери на Центарот за управување со…
ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…
Вкупно 20 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…
Вкупно 22 пожари на отворен простор се…
ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…
До 13 часот денеска на територијата на…