ЦУК: Изгаснати се сите 19 пожари од вчерашниот ден

t

Вчера (петок 08.09.2023 година) имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати – активни пожари нема, информираат од ЦУК.

Согласно координативните активности и известувањата во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснатите 19 пожари на отворен простор биле во:

  • Општина Сарај, с.Бојане, месност „Карпалак“ (каде што горела ниска вегетација и нискостеблеста шума);
  • Општина Илинден, с, Ајватовци (ниска вегетација);
  • Општина Студеничани, с.Моране (ниска вегетација);
  • Општина Бутел, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација);
  • Општина Чучер Сандево, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација) ;
  • Општина Арачиново, с.Стрaчинци (ниска вегетација и стрниште);
  • Општина Гази Баба, с.Булачани (ниска вегетација) ;
  • Општина Струмица, с.Бориево (ниска вегетација);
  • Општина Валандово, с.Брајковци (ниска вегетација);
  • Општина Струга, с.Франгово (ниска вегетација);
  • Општина Дебар 3 пожари, Брана Шпиле (ниска вегетација), месност „Бомовска Чешма“ (ниска вегетација), месност „Мелничи Мост“ (грмушки);
  • Општина Кичево, с.Мидинци (стрниште);
  • Општина Македонски Брод, с.Латово месност „Лозја“ (ниска вегетација и дабова шума);
  • Општина Куманово 3 пожари, Градскиот Парк – Куманово (ниска вегетација), населба „Карпош“ месност „Рајково Куќа“ (ниска вегетација, стрниште), с.Довезeнце (ниска вегетација и стрниште) и во
  • Општина Македонска Каменица, месност „Калуѓерица“ помеѓу Делчево и Македонска Каменица (каде што горела борова и дабова шума).

Инаку, пожарникарите во државата, паралелно со интервенциите на пожари на отворено, имале и повеќе интервенции на објекти во населени места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…

Интелигентните камери на Центарот за управување со…

ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…

Вкупно 20 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…

Вкупно 22 пожари на отворен простор се…

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево,…

До 13 часот денеска на територијата на…