ЦУК: Интензивна потрага по исчезнатиот од Брвеница

t

Регионалниот ЦУК Тетово, како што извести, на 06.08.2023, околу 05:00 часот од страна на 112 е добиена информација за исчезнато лице од с.Теново Општина Брвеница и потрагата континуирано продолжува.

Денеска, 12.08.2023 година, како што беше планирано  раководителот на РЦУК Тетово и началникот на  СВР Тетово известуваат дека  од 10:00 часот,  дека во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на  село Теново. 

Во случај и денеска ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година понеделник РЦУК Тетово ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на Реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито на реката Вардар, што поминува покрај самото село.

Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални имформации, согласно развојот на потрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја…

По објавувањето на конечните резултати од вонредните…

Ковачки му честиташе на Јахај за победата…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

До 15 часот во Брвеница гласале 40,49…

Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од…