ЦУК: Најава за невреме, не престојувајте на отворено за време на електрични празнења

t

Според метеоролозите, денеска, ќе има локална појава на нестабилност, пороен дожд и грмежи, при што локално некаде процесите има можност да бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Препорачуваме и потсетуваме за голема внимателност при појавата на грмежите и молњите, односно силните електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од ЦУК.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предупредување: Можно невреме попладне, не престојувајте на…

Метеоролозите од УХМР најавија дека денеска, од…

ЦУК: Најава за невреме, не престојувајте на…

Според метеоролозите, денеска, ќе има локална појава…

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…