ЦУК: Нивото на реката Вардар е намалено, се стабилизира состојбата во Кичево

t

Ова е состојбата за поплави на територијата на државата до денеска (среда) 09:30 часот:

Тетовски регион
Во Тетово, патниот правец с. Тумчевиште – с. Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини.
Нивото на реката Вардар е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање.
Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи (Општина Теарце) паднати се две бандери од Телеком.
Во с. Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот.
Во с. Глоѓи бандерата е падната преку патот.
Известен е Телеком, а проблемот ќе се решава во текот на денот.

Скопски регион
Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, состојбата постепено се нормализира.

Кичевски регион
На територијата на Кичево се очекува понатамошна стабилизација на состојбата.
Нема пријави за одрони на магистралните патишта и сообраќајот се одвива редовно.
Бројот на евакуирани лица останува непроменет – 250 лица (63 семејства), на кои редовно им се доставуваат храна, вода и неопходни средства.
Екипа од Медицинскиот центар врши здравствени прегледи и дава соодветни совети на евакуираните лица.
Екипи на ЈП „Комуналец“ работат на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река, со поддршка од механизација на локални компании. Паралелно се врши чистење на фекалната и атмосферската канализација.
ТППЕ, со поддршка на пумпи од ПО ДЗС Кичево, продолжува со испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај, 29 Ноември и други локации каде има пријави за поплавени објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: 17 пожари на отворен простор, од…

Во текот на денешниот ден до 18…

Најмалку 165 загинати во разорни поплави во…

Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а…

Чупиќ: Некои не се свесни што значи…

Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…

Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…

ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…

Интелигентните камери на Центарот за управување со…